Во селото кај што се произведува Вијагра се случуваат чудни работи

Локалните жители на Ирското село Рингаскид каде што компанијата Фајзер има фабрика за производство на Вијагра, тврдат дека во воздухот во нивното село има нешто необично.

Според локалните жители тие имаат “бесплатна вијагра” и цело време имаат желба за секс, а според жителите и кучињата го чувствуваат истото.

– Во нашето село и кучињата шетаат во состојба на сексуално возбудување. – изјавила Фиона Тумеј жителка на селото.

камион на компанијата Pfizer

– Веќе со години наназад добиваме љубовни чувства бесплатно. Неверојатен е фактот што голем број на луѓе кои што дојдоа овде за да се уверат во приказната останаа овде да живеат. – изјавил Сејди ОќГрејди жител на селото.

Од компанијата Фајзер изјавуваат дека до такво нешто неможе да дојде и дека нивната фабрика не произведува чуден воздух и дека ова е само еден забавен мит со кои што селаните сакаат да го зголемат туризмот.

 

Loading...