Жена дури 9 години без надомест живеела во куќа која не е нејзина , а тогаш сопственикот дознал што направила (видео)

Домот е таму каде што е срцето, а за Лиса Хардли тоа била трособна куќа од 1910 година која ја нашла на чуден начин.

Пред неколку години Лиса работела во акенција за продажба на недвижности. Како и многу луѓе и таа сметала дека нејзиниот живот ќе се подобри како што поминувало времето.

Лиса останала шокирана кога нејзиниот претпоставен и понудил да избере една куќа која ја имаат од понудата и таа да биде нејзин дом. Се додека Лиса работела во компанијата куќата требало да биде нејзина. Немало преговори за месечната кирија, но Лиса мислела дека во еден момент ќе дојде до тоа.

Loading...

Меѓутоа после некое време Лиса останала без работа, но и дознала дека компанијата за која работела наеднаш престанала да постои.

Таа чекала некој да дојде и да тропне на вратата, да и каже да плати кирија или да се отсели. Меѓутоа, поминале 9 години и никој не дознал дека таа живее во куќата без никаков месечен надомест за неа.

Во периодот од тие 9 години, Лиса го одгледала своето семејство во куќата, се грижела за куќата и ја уредила, но без да плати за неа.

Кога градската управа сфатила дека направила грешка, куќата ја ставила на продажба, а една компанија од Сингапур ја купила по одлична цена. На Лиса и изгледало дека тоа е крај на нејзиниот живот во таа куќа.

Меѓутоа нејзината среќа не ја напуштила.

Компанијата која ја купила куќата одлучила во куќата да ги направи сите потребни поправни, но и да и дозволи на Лиса да остане и да живее во неа со плаќање на месечна кирија.