Рецепт за Хроно Леб

Во моментов хитот за слабеење е Хроно Исхраната. Запамтете Хроно не е Диета хроно е начин на исхрана. Најбитното во Хроно исхраната е тоа што може да се јаде и леб, но не било каков туку Хроно Леб

Подоле можете да најдете рецепт за одличен Хроно Леб.

Потребни состојки:

4 филџани Интегрално Ржано Брашно
2 лажици мелено ленено семе
2 лажици маст
2 лажички сол (хималајска)
2-3 филџани топла вода
1 пециво
1 лажичка сода
сок од пола лимон

Начин на подготовка:

во еден сад се ставаат брашното, лененото семе, маст, и сол. Сето тоа се меша со миксер и се покрива. Така покриено стои следните 6 часа.

Откако ќе ферментира се додава пециво, лажичка сода и сок од пола лимон

Повторно со миксер се меша и се става во калап за печење кој што претходно е намачкан со путер.

Се пече 90 минути на 180 степени

Loading...