Се за храна: 3 домашни води за освежување на здивот

3 домашни води за освежување на здивот

Доколку сакате да имате свежо чувство во вашата усна празнина, исто како и после употребата на купечките освежувачи за уста, прочитајте ги овие три начини за подготовка на домашни води за освежување на здивот. Овие водички многу лесно и едноставно може да си ги подготвите во вашиот дом и да ги користите секогаш кога ќе имате потреба  за освежување на здивот.

Освежувачите се прават од лесно достапни намирници и не содржат никакви хемикалии и вештачки бои, а се подеднакво ефикасни како и купечките. Па, доколку и вие мака мачите со непријатниот здив, изберете го вашиот омилен освежувач и ослободете се од оваа непријатна појава.

Освежувач за здив од каранфилче

Loading...

Состојки:

  • 1 лажица мелено каранфилче
  • 1 чаша вриена вода

Начин на подготовка и употреба:

1. Меленото каранфилче ставете го во огноотпорен сад и прелијте го со вриена вода. Садот покријте го со капак и оставете го покриен додека водата се излади.
2. Вака подготвениот освежувач процедете го и складирајте го во чисто стаклено шишенце.
3. За плакнење на усната празнина доволно ќе ви биде да искористите една лажица од оваа течност, а количината која ќе ја добиете ќе ви трае до една недела.

Напомена: Каранфилчето е одлично за здравјето на забите и непцата, но има пикантен вкус и не се препорачува да го употребуваат деца.

Освежувач за здив од магдонос и мента

Состојки:

  • 2 лажици свежа мента
  • 2 лажици свеж магдонос
  • 1 чаша дестилирана вода
  • 1 лажица вотка

Начин на подготовка и употреба:

1. Сите состојки ставете ги во блендер и блендирајте ги околу 2 минути. Со цел да ги отстраните сите остатоци од билките, добиената течност процедете ја низ стерилна газа.
2. Вака добиениот освежувач турете го во чисто шишенце.
3. Од овој освежувач, за плакнење на усната празнина ќе ви биде доволна една лажица.

Совет плус: Магдоност и ментата се познати по тоа што ги неутрализираат штетните бактерии и го освежуваат здивот, а покрај овие билки освежувачот содржи и алкохол, па ќе трае многу подолго споредено со оној од каранфилче.

Солен раствор за освежување на здивот

Состојки:

  • 1 чаша топла вода
  • 1 лажица морска сол

Начин на подготовка и употреба:

1. Промешајте ја солта со водата со цел да добиете солен раствор.
2. Со овој раствор не само што може да ја плакнете усната празнина, туку може да го користите и за гаргара на грлото.

Совет плус: Овој солен раствор особено им се препорачува на лицата кои имаат проблеми со болни и осетливи непца, бидејќи овој раствор успешно ги уништува сите бактерии.

Извор: sezahrana.mk