Дарко Лазиќ фатен како шмрка дрога! (Видео)

Пејачите Ана Севиќ и Дарко Лазиќ се разведени веќе повеќе од два месеца, а оваа информација ја криеле од јавноста за да не им наштетат на своите најблиски, но новонастанатата ситуација ја откри нивната тајна.

Во нивниот брак веќе долго време не функционира се како што треба, а шпекулациите кои што беа низ јавноста дека трета личност е виновна за нивниот развод се дезинформации.

Ана Севиќ сеуште чува снимки од Аца Лукас

– Нема трета личност во нашиот брак. Едноставно се договоривме да се разведеме и засекогаш да останеме пријатели. Никогаш нема да слушнете ниту еден лош збор од било која страна за нивниот брак. – изјавил нивни близок пријател за магазинот “Scandal”.

Во секој случај тие се развеле на мирен начин, а доколку тоа не беше така досега ќе дознаевме. Новонастанатата ситуација со снимката на која што Дарко шмрка дрога е само уште еден дел од ова замотано клопче.

Откако снимката излезе на виделина се појавија гласини дека Дарко шмрка за да ја ублажи болката од разводот.

Наводно за цело време додека Ана и Дарко биле во брак тие биле уценувани и им барале многу пари, но откако уценувачите виделе дека нема да можат да изнудат пари тие почнале да им прават сплетки , а една од тие е и дека Ана Севиќ го изневерува Дарко. Иако Ана и Дарко уште тогаш се договарале да се разведат, но тоа го одложиле за да не биде дека се разведуваат поради аферата на Ана.