Крвопролевање во Кочани на настап на Амадеус Бенд

Минатиот викенд дефинитивно ќе остане во сеќавање на момците од Амадеус Бенд. За разлика од останатите настапи кои ги памтат по лудата и незаборавна атмосфера, овој настап ќе го паметат по крвопролевање.

Во дискотека во Кочани едно момче понесен од атмосферата си ги пресекол вените.

– Точно е. Неколку пати дечкото доаѓаше и ја бараше да му ја свириме песната “Moja Zemlja” . Кога тоа го направивме одеднаш извади нож и си ги пресече вените. За среќа келнерот брзо реагираше и го извади надвор веднаш дојде брза помош и го спасија момчето. – изјавил Александар за српскиот Ало.

– Тоа беше голем шок за нас, бидејќи никогаш досега не сме доживеале такво нешто. Би ја искористил оваа прилика да апелирам до сите кои нас не почитуваат и да им порачам дека ова не е начин на кој што се сака музиката и дека е апсолутнио недопустливо да се самоповредувате или пак некого да повредувате. Музиката е тука да ни го разубави денот и животот. – додал тој во интервјуто.

 

Loading...