Има 47 години, а нејзиниот изглед ќе ве остави без зборови. Тврди дека никогаш не држела диета!

Згодната британска водителка неодамна изјавила дека никогаш не била на диета, а тајната за нејзиниот беспрекорно добар физички изглед се криел во умереноста.

Една од најубавите Британки, ТВ лицето Аманда Холден и во својата 47-ма година може да се пофали со своето провокативно тело.

На својот “Инстаграм” таа неодамна објавила фотографија во бикини, а нејзините обожаватели веднаш забележале дека таа изгледа далеку помладо отколку што покажува бројката на нејзината лична карта. Водителката има и стомачни, а неодамна ја откри нејзината тајна.

“Важно е да уживате во животот. Јас јадам сѐ! Пијам сѐ! Имам една пријателка во 50-тите години која сега се кае затоа што животот го потроши на диети. Јас не држам диети”, рекла Аманда.

Таа признала и дека пред снимањето на новите емисии од шоуто “Britain’s got talent”, коешто го води Аманда, некое време минувала во теретана и во фитнес камп со локација во Португалија.

“Јас сум вегетаријанка, така што за мене авокадото, леблебиите и салатите од киноа се замена за трчање и бокс”, открила водителката, а потоа додала дека од физичките активности редовно практикува јога.

“Кога излегувам не пропуштам да испијам чаша добро вино. Животот е прекраток за да бидете толку многу строги”, заклучила Аманда.

Final #glam #makeup @karindarnell #hair @itsdash 🖤🖤

A post shared by Amanda Holden (@noholdenback) on

Loading...