Мајк Тајсон: Бев дете, а тој постар човек

Еден од најдобрите боксери во светот Мајк Тајсон реши јавно да проговори за сексуалното злоставување. Тој откри тајна која што ја чувал длабоко во себе уште од дете.

Тајсон откри дека кога имал 7 години бил сексуално злоставуван од страна на постар човек.

– Тоа беше кога имав 7 години. Се се случи на улица. Човекот успеа да и побегне на правдата. Ми беше срам да кажам некому па затоа не пријавив ни во полиција. = изјавил Тајсон.

Тајсон исто така во интервјуто за ESPN изјавил дека луѓето кои што се силувани наместо да се охрабруваат тие се етикетираат и со тоа повеќе се повредуваат.