Официјално: Серијата Prison Break се враќа со уште една сезона

Потврдено е дека серијата Prison Break доби зелено светло од FOX за снимање на    6-тата сезона.

Фановите на оваа серија веќе некое време размислуваат за тоа дали има можност за нова сезона и имаше неколку шпекулации дека проектот продолжува.

Сега FOX официјално потврди дека серијата продолжува со барем уште една сезона.

Loading...

Најавата беше дадена од сопственикот на FOX Entertainment, Мајкл Торн, кој не ги кажа деталите за продолжување на серијата, но беше прилично ентузијастичен околу проектот. Тој изјави дека дефинитивно ќе има нова сезона, но тоа ќе биде нешто што фановите не го очекувале.

Торн изјави дека враќањето на Prison Break ќе биде во во форма на “ново повторување”.

“Пред неколку недели почнавме да го подготвуваме теренот, почетниот пристап кон новото поглавје. Сеуште го немаме направено ниту пилот видеото. Очекува и двајцата браќа да бидат вклучени во серијата, претпоставувајќи дека ќе бидат достапни. Има многу работи кои треба да се смислат и да се врати екипата од серијата која има многу зафатена кариера.”

Охрабрувачки е тоа што нема да повлечат некои од старите ликови и да се обидат да донесат нови ликови во светот, тоа едноставно нема да функционира.

Отстранувајќи ги тие грижи, Гери Њуман, директорот на FOX изјави:

“Сеуште сме во почетна фаза. Пол Шеуринг имаше идеја за нова сезона и тоа му го соопшти на Мајкл и на тинот. Тие се возбудени, но сеуште е многу рано. Сеуште никој нема видено пишани материјали”

Шеуринг е креаторот на серијата кој ја напушти уште во првите сезони, но се врати во 5-тата сезона. Но сепак тој беше исклучен во 6-тата сезона.

Тој изјави:

“Да го направам тоа повторно, мислам дека ќе треба да најдеме подеднакво силен или дури посилен наратив и мислам дека е тоа многу тешко со Prison Break.

Никогаш не кажувајте никогаш, но ние едноставно нема да го сториме тоа само за да го направиме тоа, мора да биде одлично. Знам дека актерите се многу заинтересирани за тоа, но во овој момент немам идеја што ќе биде.

Можно е да дојде од други извори, но во моментов нема ништо во најава. “

Значи браќата се враќаат за уште едно бегство, не се знае кога ќе се случи тоа, но сите сме возбудени за нивното враќање.