Ова е Мис Универзум: Пред натпреварот ослабнала 50 килограми! Нејзината трансформација ќе ве остави без здив (фото)

Русинката Ксенија Усолкина (33) стана Мис Универзум откако ја претставуваше својата земја на финалната вечер во турскиот град Анталија.

Тоа со што посебно ги импресионираше сите е што оваа убавица изгубила неверојатни 50 килограми пред почетокот на натпреварот.

Ксенија значително го намалила обемот на своето тело за 18 месеци, а тоа придонело и за подобрување на нејзиното здравје.

“Отсекогаш бев дебела, а тоа не ме спречи два пати да се омажам. Тоа што е важно за мене е дека привлекувам добри вибрации – жената треба да има харизма и да биде позитивна” кажала оваа убавица.

#клицукорона#российскойимперии

A post shared by usolkina_ksenia (@usolkinak) on

И покрај тоа што има повеќе килограми од останатите девојки, Ксенија го импресионирала жирито со својот шарм и убавина.

“Мора да верувате во себе, во тоа дека не постои никој како вас. Тогаш се може да се случи” кажува таа.

#thisisrussia 😍

A post shared by usolkina_ksenia (@usolkinak) on

Ксенија, која работи како еколошки специјалист за руската железница, уште од почетокот била одлучена да победи на овој натревар.

“Сеуште сум преплавена од емоции. Сеуште неможам да сфатам дека круната и лентата одат во Русија” заклучува Ксенија.