Рита Ора отиде на одмор и го покажа своето тело од сите агли (Фото)

Рита Ора
Рита Ора отиде на одмор и го покажа своето тело од сите агли

Пејачката и член на жирито во шоуто X Factor често го привлекува вниманието со своите провокативни изданија, а сега и одлучи да соблече се од себе и да позира како од мајка родена.

Рита Ора (27) на своите фанови одлучи да им ја “затопли” зимата па затоа споделила фотографии од одморот. Пејачката своето витко тело го покажа во црвено бикини, а потоа покрај морето позираше потполно гола.

Пејачката и член на жирито во шоуто X Factor на себе имала минимално шминка, а нејзиниот природен изглед ги воодушеви нејзините фанови.

Британката, родена во Косово, заводливо чекорела со своето црвено бикини по скалите во својот луксузен апартман.

Рита на готографиите ја покажала својата скриена тетоважа која ја има под својата градите, на која пишува “Сакај секого, верувај на ретките, не повредувај никого”. Пејачката неодамна се пофали со својата 26 тетоважа.

– Ми се допаѓа идеата да ја чувате вистинската љубов, било каде и кога ќе ја пронајдете – изјавила пејачката, која раката сега и ја красат две птици во кафез.

Таа неодамна изјавила дека би сакала да настапи на мјузиклот “Педесет нијанси на сиво”.

– Се прашувам што би пееле Кристијан и Ана за време на сексот. Музиката во поголемиот дел би се состоела од стенкања, веројатно би произлегувале разни секси звуци – вели пејачката која дополнила кажа дека е страствен обожавател на филмовите и книгите на Педесет нијанси на сиво.

Во вториот филм, Рира се појавува како сестра на Кристијан Греј, Миа, а за третиот снимила и песна со Лиам Пејн која се појави и на саундтракот.

@liampayne & I performing #ForYou on @fallontonight!!

A post shared by RITA ORA (@ritaora) on