Шакира поради сериозни здраствени проблеми ја откажува турнејата!

Шакира (40), поради бавното закрепнување на гласна жица што претходно ја повредила, принудена е да ја откаже американската и канадската турнеја.

Колумбиската пејачка денеска објави дека ќе ја одложи турнејата закажана во почетокот на 2018 година, бидејќи сеуште не и е залечена повредата на гласните жици.

“Иако се надевав дека гласната жица ќе се опорави до јануари, морав да го прифатам советот на лекарот дека закрепнувањето трае подолго отколку што се очекуваше”, изјави пејачката.

Loading...

Нејзината светска турнеја ќе продолжи во јуни во Европа, потоа ќе има концерти во САД и Канада, додека датумите за Јужна Америка наскоро ќе бидат објавени.

Шакира (40) претходно ги одложи концертите во Европа предвидени за минатата есен поради повреда на гласните жици.