Сите ја знаат како постојано насмеана: Милица Тодоровиќ ја признала и својата друга страна

Милица Тодоровиќ е позната по тоа што постојано е насмеана, но пејачката сега ја признала и својата друга страа.

Иако каде и да се појави таа е полна со енергија, Милица не крие дека често е незадоволна и на раб од депресија.

“Јас брзо паѓам во некоја депресија и несакам да разговарам со никој, а потоа си кажувам: Милица, толку многу си поминала за своите 27 години” кажала Милица и додава:

“Кај мене секој ден е некоја шоу програма. Мора да кажам дека сум многу неорганизирана, тоа ми е голем недостаток. Но се обидувам, давам се од себе за да го корегирам тоа”