Анџелина Џоли и Џенифер Анистон за првпат ќе се сретнат очи во очи

gettyimages.com

Сите знаат за големата нетрпеливост помеѓу славните актерки Џенифер Анистон и Анџелина Џоли, а сега дознаваме дека тие две ќе се сретнат на доделувањето на Златните глобуси.

 Embed from Getty Images

Како што се дознава во јавноста овие две глумици ќе се појават како презентерки на ова големо шоу, а во еден момент тие треба заедно да стојат на бината.

Ако добро се сеќавате целата нетрпеливост помеѓу овие две актерки започна порати Бред Пит и тоа поради тоа што Бред Пит се разведе од Анистон токму заради Џоли.

gettyimages.com

Последен пат Анистон и Џоли на исто место беа во 2015 и тоа на доделувањето на “Critics Choice Awards“, но тогаш организаторите се погрижија тие воопшто да не се видат една со друга – пишува US Magazine.

gettyimages.com

Се предпоставува дека Анистон и Џоли на доделувањето двете ќе пристигнат во фустани во црна боја со што ќе ја поддржат кампањата Time’s Up која што се бори против сексуалното злоставување во филмската индустрија.

Која ќе изгледа подобро и дали Бред Пит ќе се покае за тоа што го направил ќе дознаеме утре кога е и закажано шоуто Златен Глобус