Банкротираше познатиот готвач?! Должи над 80 милиони евра

Ланецот на ресторани “Jamie’s Italian“ моментално е во долг од околу 80 милиони евра, а со самото тоа нивниот сопственик познатиот готвач Џејми Оливер најверојатно ќе заврши со банкрот.

Во петокот Џејми објавил дека затвора 12 ресторани во Велика Британија наводно поради “реконструкција”. Компанијата “Jamie’s Italian“ има 25 ресторани во Велика Британија и 28 ресторани во Америка.

Со самото тоа што тој ќе ги затвори овие 12 ресторани, без работа ќе останат над 450 вработени.

Photo: Bloomberg

Според информации кои што ги објавиле блиски пријатели на Џејми, тој само на доставувачите на неговите ресторани им должи над 46 милиони евра.

Богатството на Џејми Оливер се проценува на над 170 милиони евра , па одтаму може да се каже дека можеби тој ќе успее да избегне банкрот.