Еден натпревар во Англија 9.3 милиони! ТВ правата за Премиерлига продадени за 4.4 милијарди фунти

Еден натпревар во Англија 9.3 милиони! ТВ правата за Премиерлига продадени за 4.4 милијарди фунти

Англиското првенство во фудбал, познато како Премиерлига, кое важи за едно од најлгледано и најпопулатно на светот ги руши рекордите за продажба на ТВ правата. БИ БИ СИ објави дека пет пакети од понудените седум веќе се продадени за следните три години (2019 до 2021 година) за неверојатни 4.4 милијарди фунти.

Очигледно е дека рекордот од 5.14 милијарди фунти кои беа платени за телевизиските права за Премиер лигата за 2015 – 2019 година ќе бидат надминати, бидејќи остануваат за продажба уште два пакети за пренос на фудбалските мечеви во живо. Скај Спорт е опственик на четири од нив ( поточно 128 преноси) а еден пакет е во сопственост на БТ Спорт (32 преноси).

loading...

– Ова покажува дека клубовите оставиле тестамент за врвно натпреварување, рекол Ричард Стадмаер, извршниот шеф на Премиерлигата.

Премиерлига воведи е нов термин за вечерни натпревари, тоа е терминот од 20:45 часот по македонски време, па така Скај Спорт че има право на прв избор за натпреварите од викендот како и саботниот ноќен термин. БТ Спорт кој за 300 милиони фунти доби право на 32 преноси, тие ќе имаат право на мечевите во сабота од 13:30 часот.

По споменатите термини и пакет на преноси, Скај Спорт еден натпревар го чини 9.3 милиони фунти, а БТ Спорт 9.22 милиони фунти. Интересно е што овие суми на телевизиски права се сметани само за правата во Велиак Британија не и за странство.

Останатите два пакети ги сочинуваат 20 натпревари кои ќе се играат само во текот на неделата не и за викенд.

loading...