Со години дремеше на клупа во Арсенал а сега го победи Нејмар за играч на месецот во Франција!

По одличните изданија во Њукасл, Матју Дебуши се пресели во Арсенал летото во 2014 како замена за Бакари Сања, кој реши да го замени Емирати со Етихад.

Но Французинот не се изнагира во Северен Лонтој, за „Топчиите“ изминативе триипол години одигра едвај 13 натпревари во Премиерлигата или вкупно 30 во сите натпреварувања.

Откако со години дремеше на клупа или пак настапуваше за резервите, Матју Дебуши во јануари стави крај на кошмарото и потпиша за Сент Етјен.

Во Лиг 1 тој игра како препороден, постигна два гола а Сент Етјен цел февруари не знаеше за пораз. Па искусниот десен бек беше прогласен за играч на месецот.

За наградата да биде уште поимпресивна, тој е првиот дефанзивец кој добил вакво признание во последните пет години. Исто така, Дебуши до наградата стигна пред Нејмар, кој оваа сезона пали и жари по терените во Лиг 1.

Извор 24 Фудбал

Loading...