ЖРК Вардар жртвуван за да може Самсоненко да продолжи со РК и ФК Вардар!

Вардар
ЖРК Вардар жртвуван за да може Самсоненко да продолжи со РК и ФК Вардар!

Амандин Лејно е една од првите ракометарки која го официализираше трансферот, откако Самсоненко и раководството им соопштиле дека нивната намера од следната сезона е да продолжат со многу помал и поскромен буџет. Лејно вчера беше и официално претставена како нов голман на Ѓер, а набрзо потоа излезе и нејзиното интервју во „Л’Екип“, во кое ги кажа деталите за нејзиниот трансфер.

Откако беше раширена веста дека ова ќе им биде последна сезона на ѕвездите, Лејно веднаш беше поврзувана со Ѓер, а таа изјави дека одамна и било желба да заигра за Ѓер.

Loading...

– Агентот ми понуди неколку опции. Мојот избор беше Ѓер, бидејќи тоа е Ѓер. Можеби е знак тоа што мора да си одиме, бидејќи секогаш сум сакала да игра мза Ѓер, но никогаш не ми се исполнило. Тие сакаа две годишен договор, но јас претпочитав една сезона со можност за уште една. Ќе видиме, незнам дали ќе ми се допадне таму. Сакам да ја иамм опцијата ако посакам да се вратам во франција, изјавила Лејно.

Сакајќи или не таа ги открила намерите на русинот. Која тој им ја соопштил намерата за ЖРК Вардар и за намалувањето на буџетот, очигледно тој им соопштил дека немерата му е да остане во РК и ФК Вардар.

– Самсоненко ни соопшти пред две недели дека не планира да го задржи ЖРК на моменталното ниво. Веќе ги има ракометарите и фудбалерите. Немавме друг избор освен да си одиме. Сепак, добро е тоа што ни го соопшти рано во сезоната за да иамме време да си најдеме нови клубови.

Лејно во интервјуто кажа и за тоа што и значи Вардар и годините поминати во Скопје.

– Во Вардар еволуирав, тоа ми значеше многу. Запознав нова култура, нова земја и една фантастична атмосфера за тренирање во спортот број еден за таа земја. Ми донесе многу радост. Го сакам клубот и воедно сум тажна што се ова заврши вака. Се надевам дека не требаше да дојде до ова за да се мотивираме и да ја освоиме Лигата на шампиони. Малку ми е чудно бидејќи имаме уште два натпревари на домашен терен. Во вардар атмосферата секогаш е посебна. Поминав пет огдини тука, дадов многу за Вардар, а јас сум и личност која многу се поврзува.