Новиот Android сега ја покажува брзината на Wi-Fi мрежата и пред да се приклучи

Android, Wi-Fi
Новиот Android сега ја покажува брзината на Wi-Fi мрежата и пред да се приклучи

Новата функција е дел од првата голема надградба на оперативниот систем на Google за мобилни телефони Android Oreo, под ознака 8.1

Надградбата овозможува да ја видите брзината на пренос на податоци за достапните (слободни) Wi-Fi мрежи и пред да се поврзете на некоја од нив.

Приказот не е во форма на бројки, туку мобилниот телефон во поставките за Wi-Fi ќе ви каже дали мрежата на која сакате да се закачите е многу брза, брза, во ред или спора (Very Fast, Fast, OK, or Slow).

Loading...

Разликата помеѓу многу брза и брза, наведуваат од Google, е дали може да стримувате видео снимка со висока резолуција со голема брзина или брзината може да поднесе само некои видео клипови.

Во кафулињата, веројатно, генерално ќе се сретнувате со опис ОК за мрежата што е доволно за користење на нтернет, односно социјалните мрежи и стриминг сервис како Spotify.

Со оваа функција нема да бидете во можност да ја дознаете брзината на приватни Wi-Fi мрежи заштитени со лозинка. Администраторите на мрежите може да го оневозможат приказот на брзината од криење на делови од URL адресата, пишува The Verge.

Извор: dodajgas.mk