Ова се најдобрите телефони кои ги очекуваме во првата половина од годината

На интернет кружат многу гласини за новите модели на паметни телефони кои можеме да ги очекуваме во првата половина од годината, а тоа се некои од најдобрите модели кои ќе го одбележат мобилниот пазар.

До почетокот на најголемиот мобилен светски конгрес (MWC) во светот кој традиционално се одржува во Барселона остануваат малку повеќе од две недели. Како и секоја година, на MWC можеме да очекуваме голем број на нови модели на паметни телефони, таблети и уреди за носење, а оваа година најголемата ѕвезда на саемот ќе биде Samsung и двата нови модели од серијата Galaxy S, кој ќе бидат претставени на 25 февруари. Додека Samsung својот најсилен адут ќе го претстави во Барселона, повеќето други компании по се изгледа ќе почекаат со презентацијата на своите топ модели за нешто подоцна.

Ова се „големите играчи“ кои доаѓаат.

Galaxy S9/S9 Plus

Двата нови модели од Samsung Galaxy S серијата се веројатно најочекуваните андроиди оваа година. Се разбира, од Samsung нема официјални информации, но од досега објавените гласини можеме да очекуваме моќни телефони со посебен акцент на камерата. Galaxy S9 треба да има екран со дијагонала од 5,8 инчи, додека моделот на S9 + дури 6,2 инчен екран и ќе работат на Qualcomm Snapdragon 845 или на Samsung Exynos 9810 процесор. Помалиот модел ќе има 4GB RAM меморија и 64GB за складирање , додека S9+ ќе има 6GB меморија и 128GB простор за складирање. Исто така, поголемиот Galaxy ќе има две 12MP камери од задната страна, додека помалиот модел ќе има 12MP камера. На предната страна и двата уреди ќе имааат 8MP селфи камера. Се чини дека новата генерација на Galaxy S моделите не носат никаква револуција, но секако се со помоќни хардверски компоненти и подобри камери.

Nokia 9

Во HMD Global можат да бидат исклучително задоволни од годината што е зад нив и во која тие започнаа со продажба на паметни телефони со кои се обнови брендот Nokia. За повеќе од 12 месеци продадени околу 10 милиони телефони главно од средна и ниска класа. Сега е време за вистинската работа, паметен телефон со кој ќе се нападнат најголемите мобилни компании, а чија презентација се очекува во текот на MWC. Nokia 9 треба да има OLED екран од 5,5 инчи, Snapdragon 845 процесор, 128 GB на меморија и две задни камери од по 12MP камера. Оперативниот систем се разбира ќе биде Android.

Sony Xperia Pro XZ

Неодамнешните гласини велат дека Sony во Барселона ќе го претстави новиот модел на Xperia, кој, во согласност со стандардите ќе има голем 5,7 инчен 4K OLED екран без рабови и две камери со резолуција од 18 и 12MP. Уредот ќе работи со Snapdragon 845 процесор, а од останатите опции треба да се издвојат 6 GB RAM и 128 GB внатрешна меморија.

Huawei P20

Новата генерација на Huawei P уреди (P20, P20 Plus и P20 Lite) треба да биде навистина нешто посебно – според гласините најмоќниот модел ќе има три задни камери со вкупна резолуција од 40MР со 5х хибриден зум (оптички и дигитален), додека на предната страна ќе биде лоцирана камера од 24MP (развојот на сите камери е во соработка со Leicа). Најголемиот модел ќе има 6 инчен екран и ќе биде лансиран со Kirin 970 процесор, а сите официјални информации за овие телефони ќе бидат познати кон крајот на март.

One Plus 6

Шефот на OnePlus, Пит Ло, неодамна најави дека нивниот нов предводник може да се очекува во текот на вториот квартал. Иако не постојат конкретни детали за моделот OnePlus 6, освен тоа дека ќе работи со Snapdragon 845, во согласност со претходниот модел, јасно е дека може да се очекува моќен хардвер и попристапна цена во споредба со конкурентите. Исто така, новина која би требало да биде имплементирана е сензор за отпечатоци во самиот екран, опција која во иднина може да се очекува на голем број на топ модели на паметни телефони.

iPhone SE 2

Сè уште не е познато дали Apple навистина ќе воведе нов 4-инчен телефонски модел, но ако тоа го направи, треба да се случи во мај или јуни. Новиот модел на најмалиот iPhone не треба да донесе никакви револуционерни иновации – сигурно би имал подобар процесор и графика, а најинтересната информација во врска со овој паметен телефон не се однесува на хардверот, туку на цената која наводно, ќе биде малку пониска во споредба со сегашниот модел.

LG G7

Паметниот телефон на LG треба да донесе голем број напредни функции, кои денес се очекуваат од сите топ модели, како што се голем и заоблен OLED екран, најновата генерација на Snapdragon процесор и, веројатно, две задни камери.

Извор: dodajgas.mk