Бебе го копираше својот вујко манекен, а неговите пози го освоија светот! (Фото)

Бебе модел

Сите заслуги одат за мајката на бебето, која забележала одредени сличности во позите на својот син и нејзиниот брат кој работи како модел. Фотографиите се толку симпатични што го освоија интернетот.

Аристотел Политес (28) е модел кој живее во Њујорк и се чини дека добива опасна конкуренција – неговиот 18-месечен внук Ауги. Се започна кога мајката на бебето, Катина Бех, (постарата сестра на Аристотел) не можеше да го наговори да ја закопча кошулата.

-Фотката од него со раскопчана кошула добро ме насмеа, бидејќи изгледаше како некоја насловна страница од љубовен роман. Го сликав и сфатив дека и мојот брат има фотографија во слична поза на Инстаграм каде објвува фотки како модел. Ги ставив фотографиите една до друга и им ги пратив на семејството да одлучат на кого му стои кошулата подобро – објасни Катина.

Loading...