Како таткото Дабар и неговите две бебиња ќе ја поминат реката, а да не се наводенат: Поради оваа логичка задача за деца и понатаму се караме

Како таткото Дабар и неговите две бебиња ќе го поминат потокот, а да не се наводенат: Поради оваа логичка задача за деца и понатаму се караме

Основната идеја на оваа задача е логично размислување и алгоритамско размислување. Па, ајде да слушнеме што е вашето решение и дали сте во право

Во некои логички задачи, исто така, се замислуваат и возрасните, а ова е еден од таквите предизвици. Ајде да ве видиме.

“Таткото Дабар и неговите две бебиња сакаат да поминат преку реката, а да не се наводенат. Ќе користат чамец кој може да носи до 100 килограми.

Таткото Дабар е тежок 100 кг, секое од бебињата е тешко по 50 кг. Бидејќи не можат сите да бидат сместени во чамецот, тие одлучија да ја преминат реката со помош на неколку возења во чамецот.

На секое возење мора да има најмалку еден дабар во чамецот.

Колку возење треба дабарите да направат со чамецот, за да поминат сите од другата страна на реката?

А) 3
Б) 4
В) 5
Г) 6

Ова е една од задачите на Меѓународниот натпреварувања Дабар, каде што учениците од 5 и 6 одделение се среќаваат со различни информативни и логички предизвици.

Сигурно добро размисливте пред да дојдете до решението. Точниот одговор е под В.

Бидејќи чемецот не може да носи повеќе од 100 килограми, треба да размислиме и да користиме логика

1) Двете бебиња ќе ја поминат реката (ако тргне само еден кој мора да се врати назад со чамецот, нема да псотигнат ништо)

2) Едно бебе ќе се врати назад (ако се вратат дветте, тоа ќе ги врати на почетна позиција).

3) Таткото дабар ќе ја помине реката (останатите можности ќе го вратат чамецот, но тоа би ги вратило на претходниот чекор).

4) Второто бебе ќе се врати назад (повторно, подобро отколку да го испрати татко му назад бидејќи со тоа ќе го поништат претходниот чекор).

5) Двете бебиња ќе поминат заедно (два дабара собира во чамецот и секако два се подобро отколку еден)

На овој начин, сите ја поминаа реката.

Основната идеја на оваа задача е логично размислување и алгоритамско размислување кое е важно за да се реши проблемот.