Кој е вашиот среќен број?

Древните народи верувале во значењето и симболиката на броевите, дури биле и занесени со таинствените односи меѓу броевите.

Се смета дека од сите 9 броеви, само бројот 7 има посебна, скоро мистична вредност. Самиот човек се одновува во период од 7 години. После 7 години детето ги менува забите, после 14 влегува во пубертет, а со 21 година е во физичка и духовна зрелост. Виножитото има 7 бои, во музиката има 7 ноти, неделата има 7 дена…

Бог го создал светот за 6 дена, а седмиот одмарал. Библијата е полна со примери за значењето на бројот 7. И во религиите на многу народи постои верување во тајната на бројот 7.

Што е среќен број?

Тоа е број во кој се крие нашиот успех, нашата голема и мала среќа. Тоа е дата кога нешто сме доживеале, нешто убаво и пријатно. Тоа е реден број под кој го положуваме испитот. Тоа е дата на раѓање. Тоа е годината кога сме родени… среќниот број е секаде околу нас, само треба да го пронајдеме.

Како се пронаоѓа среќниот број?

Во секое име, секоја дата, назив, во секој збор се наоѓа некој скриен број. Како да утврдите дали тој број е среќен за вас или ви носи несреќа?

На пример: Збир на броевите од датата кога сте родени го сведувате на прост број, на пример 6. Истото го правите и за својот партнер, на пример 9. Израчунајте го и бројот врз основа на датата кога сте почнале да се забавувате или да живеете заедно и ќе добиете број кој има посебна улога во вашиот живот.

За да го утврдите среќниот број потребно е секоја буква да ја замените со соодветната бројка од табелата.

Доколку вашето момче се вика Милан Илиевски, заменете ги буквите со бројки од табелата и ќе добиете 1+7+2+1+5 7+2+7+2+3+9+3+2=51 5+1=6 . Збирот на бојките од датата на раѓање на пример е 5. Годината на вашето раѓање поделете ја со 5, а сите бројки после соберете ги и на пример тие даваат број 7, а тоа одговара со збирот од броевите од името Милан.

На ист начин можете да пронајдете кој број се крие зад име на град во кој планирате да патувате, работата со која сакате да се занимавате…

Loading...