Со помош на оваа формула пресметајте колку долго ќе живеете: Ако го добиете овој број ќе имате долг и здрав живот!

Во последно време се популарни различни формули за пресметување на идеалните тежини, но се појавија и формули за пресметување на должината на животот, а еве една од нив која е едноставна и лесна.

Помножете ја својата висина во метри со истиот број, потоа бројот што сте го добиле поделете го со својата тежина. Ако добиете резултат помеѓу 26 и 27, би требало да живеете многу долго и здраво.

Ова е пример за пресметување на должината на животот на човек висок 1.80 метри и тежок 87 кимограми. Прво ја помножуваме висината со истиот број:

1.80 x 1.80 = 3.24

Го земаме тој резултат и го делиме со тежината од 87 килограми:

87: 3.24 = 26.85

Добивме 26.85.

Тоа значи дека човекот за кого пресметуваме спаѓа во оние кои ќе живеат здраво и долго, иако според вообичаените мерила има 15 килограми вишок на тежина.

Ако на крајот од пресметката добиете број под 22, можете да си дозволите малку да се здебелите, меѓутоа ако според оваа формула добиете резултат над 29, би требало малку да ослабете за да живеете подолго.

Loading...