10 знаци дека покрај себе имате посесивен маж

Не ги мешајте љубовта и болната љубомора. Тенка е линијата помеѓу внимателен и посесивен партнер, а многу луѓе и понатаму не ја знаат вистинската разлика.

Во што е разликата помеѓу невина посесивност (таа која се појавува при првите неколку несигурни фази на љубовта) и агресивната посесивност? Во кој момент треба се да прекинете?

Овие 10 знаци ви откриваат дека вашиот партнер е премногу посесивен:

1. Бара од вас постојано да ги исполнувате неговите желби, да го слушате и се служи со емотивна уцена.

2. Контролира каде одите, кога и зошто – ви диши во вратот.

3. Во животот не му е потребен никој друг освен вас – покажува бес кон вашите пријатели, колеги или членови на семејството.

4. Се обидува да ги саботира вашите пријателства.

5. Не ги почитува вашите лични граници – како никогаш да немате мир.

6. Сака да биде вклучен во сите ваши одлуки, дури и во одлуките кои немаат никаква поврзаност со него.

7. Манипулира, емотивно или психички, како да незнаете што е најдобро за вас.

8. Конторлира каква облека носите.

9. Постојано ви пишува пораки или ви се јавува кога сте излезени

10. Кажува дека тоа го прави од љубов, со тоа ја оправдува својата љубомора, параноја, потреба за контрола и токсично однесување.

Loading...