4 Најчести митови зашто жените изневеруваат

Постојат многу предрасуди кои што се врзани со женските изневерувања. Новите истражувања поажуваат дека тие и те како може да имаат прагматиченп пристап, а мажите често не ги ни откриваат овие неверства. Овие митови постојат и ден денеска, но не се точни.

Социологот Алиша Волкер од Универзитетот во Мисури во нејзината книга “The Secret Life of the Cheating Wife: Power, Pragmatism, and Pleasure in Women’s Infidelity” тврди дека многу жени кои што ги изневеруваат своите партнери , најчесто преку социјалните мрежи бараат лице со кои што ќе го изневерат својот сопгур, но условот е тоа лице да е во брак.

Loading...

Мит 1: Жените изневеруваат, бидејќи сакаат да се разведат

Ниедна жена со која што разговарала Волкер не сакала развод. Сите сакале да бидат со своите мажи, а само сакале своите потреби од задоволство да ги пробаат со друг.

– Навистина бев изненадена од ова сознание. Обично верувавме дека жените емотивно вршат неверство, а тоа го прават кога сакаат да се разведат. . Моите испитанички ме уверија во спротивното. Нивната примарна цел е сексуално задоволство. – изјавила Волкер за Business Insider.

Мит 2: Неверството е секогаш освета

– Жените се покажаа како прагматични кога станува збор за неверство. Се пријавуваат на сајтови на кои што има мажи кои што се во брак, но сакаат авантура. Исто така жените се многу претпазливи. Со многу внимание го бираат она што го сакаат. – изјавила Волкер.

Мит 3: Жените изневеруваат кога ќе се вљубат во друг

Многу мал број од испитаничките изјавиле дека извршиле неверство поради тоа што се вљубиле во друг човек. Тие исто така додале дека тоа на крај никако не излегло добро и сите тие врски завршиле неуспешно. Затоа жените бараат некој кој што е “компатибилен”.

Мит 4: Жените изневеруваат само со еден маж

Многу голем број од испитаничките изјавиле дека во бракот имале и по неколку различни партнери. Ниту во еден момент не помислиле дека еден партнер им е доволен и дека може да ги задоволи нивните потреби.