4 причини зашто не треба да го прашувате партнерот за сексуалниот живот што го имал пред вас

Photo by Kristina Flour on Unsplash

Голем број на луѓе во животот барем еднаш ќе се најдат во непријатна ситуација, кога со партнерот разговараат за сексуалните искуства пред тие да се запознаат.

Доколку од некоја причина се открие бројката на сексуални партнери кои што партнерите ја имале пред да се запознаат, еден од партнерите претежно оној кој што имал помалку сексуално искуство, би се чувствувал лошо и би му било потребно подолг временски период да се адаптира на таа информација.

Photo by Jake Davies on Unsplash

Сексологот Трејси Кокс тврди дека не постои идеален број на партнери во сексот, бидејќи секоја личност и нејзиното минато е само нејзино.

Loading...

Тоа значи дека за една личност 2 партнера пред бракот се сосема доволни, а додека кај некој таа бројка можеби изнесува 20 или повеќе.

Поради тоа постојат 4 причини зашто не треба да знаете за сексуалното минато на вашиот партнер.

1. Вистина или лага

Што и да каже вашиот партнер за себе, никогаш нема да знаете дали е вистина или лага. Поопасно ќе биде да се држиме за тоа дали наведениот број е точен или не. Уште полошо ќе биде кога од нејзин/негов пријател или пријателка ќе дознаете сосема друга бројка. Ете ги проблемите во врската.

2. Два пола – два одговори

Половата еднаквост кога е сексот во прашање не постои. Кога машкото ќе рече дека спиел со 20 жени пред бракот, нему му се честита, а ако истата цифра ја каже жена тааведнаш добива негативни коментари.

Photo by Clem Onojeghuo on Unsplash

3. Сигурен секс

Доколку партнерот го прашате за бројката на сексуални партнери пред вашата врска во главата ќе треба да размислите и дали сексот бил безбеден или не. Затоа подобро е да дознаете дали пред вас партнерот имал заштитен секс, отколку да дознаете бројка на партнери.

Личноста која ууживала во секс со 50 различни партнери, но секој пат имала заштитен секс има помалку шанси да заболи од полова болест, отколку лицето кое што имало секс со 3 различни партнери, а немало заштитен секс.

4. Нема идеална бројка

Трејси кокс изјавува дека бројката на сексуалните партнери од минатото не значат воопшто ништо. Многу е поважно како моменталниот партнер се однесува со вас и колку ви е пријатно т.е убаво во врската.