Дел од женското тело кој расте во текот на целиот живот: На крајот е дури 7 пати поголем отколку во младоста

pixabay

До 32-рата година димензиитe ќе му бидат дури четири пати поголеми за разлика од периодот кога започнал пубертетот.

Познато е дека кај машките тестисите и пенисот се намалуваат како што стареат, но жените го немаат овој проблем – кај нив клиторисот расте во текот на целиот живот.

Како што тврдат научниците, тоа се случува поради хормонските промени во телото и обаснува зошто жените повеќе уживаат во сексот кога се постари.

Од почетокот па до крајот на пубертетот, клиторисот се зголемува скоро 2 пати. До 32-рата година тој е за четири пати поголем во однос на периодот кога започнал пубертетот, а после менопаузата е дури седум пати поголем.

Делот од клиторисот кој може да се види е со големина до еден сантиметар, додека во внатрешноста има големина и до 10 сантиметри. Во клиторисот се наоѓаат 8000 нервни завршетоци, дупло повеќе од пенисот, открива порталот Alternet.

Уште неколку интересни факти за клиторисот:

Студијата покажува дека помеѓу 50% и 75% од жените може да доживеат оргазам само ако им се стимулира клиторисот. Во спротивно нема да доживеат.

Оргазмот кој се случува со стимулација на клиторисот прае помеѓу 10 и 30 секунди.

Единствена улога на клиторисот е на жената да и овозможи задоволство.

Неговата големина варира кај жените и нема влијание врз интензитетот на задоволството.

Жените кај кои клиторисот се науѓа во близина на отворот на вагината полесно доживуваат оргазам.

Loading...