Како да ја вратите страста во бракот?

Поплавени со еден куп обврски се помалку време поминувате со партнерот, а страста полека почнува да се губи…

Понекогаш е доволна мала пауза од секојдневниот живот за да ја оживеете романсата од почетокот на врската. Еве неколку идеи кои можат да ви помогнат.

Вратете се во минатото
Се сеќавате како ви било возбудливо во тинејџерските денови? Направете заедно нешто непромислено и глупо. Бар на кратко однесувајте се како тинејџер кој нема грижи за работа, деца и домаќинство.

Поделете ги секси соништата
Нашиот мозок е најголем афродизијак. Разговарајте за своите фантазии или раскажете еден на друг некој еротски сон кој сте го сонувале неодамна.

Пофалете го партнерот
Не ја пропуштате шансата да му кажете на партнерот за грешките, но затоа ретко се сеќавате да го пофалите. Променете ја навиката, веднаш! Тоа што сте долго во брак не значи дека комплиментите се подразбираат. Користете ги почесто.

Отворете шише вино
Една студија објавена минатата година покажа дека паровите кои пијат заедно, се чувствуваат поблиски еден со друг. Виното ќе направи да се опуштите и да заборавите на обврските и проблемите, но немојте да претерате.

Заиграјте на вашата омилена песна
Секој пар има заедничка песна која потсетува на времето кога сте биле лудо заљубени. Изненадете го партнерот со танц на познатата мелодија.

Loading...