По што ќе дознаете дали е жесток љубовник?

Жестокиот љубовник ќе го препознаете според прстите. Всушност, резултатите од едно истражување покажале дека мажите кои се секси обично се оние на кои прстот, до малиот прст, им е подолг.

Тајната на машкиот сексипил е во прстите.

Скоро нема некој кој барем еднаш во животот не се запрашал како ќе знае дали тој/таа вистинскиот/та?, каков/ва е во кревет? Одговорот на ова прашање можете да го најдете во прстите.

Истражувањето извршено во Универзитетот во Женева покажало дека луѓето на кои прстот, до малиот прст им е поголем, се добри љубовници. Ова посебно се однесува за мажите.

Во ова истражување биле вклучени 80 жени помеѓу 18 и 34 години и од нив било побарано да ја оценат привлечноста на мажите и нивните способности во кревет.

Резултатите покажале деја најсекси мажи биле оние кои имале подолг прст кој се наоѓа до малиот прст. Ова тврдење има и научни темели. Ако прстот до малиот прст е долг, тоа е знак на специфична изложеност на тестостерон во раната фаза на развој за време на бременоста, објаснил водечкиот истражувач Ferdenci Kamil. Постојат и други параметри за утрврсување на најсекси, жестоки љубовници, а еден од нив е и симетријата на лицето.