Совршено мени за “Денот на вљубените”

Совршено мени за "Денот на вљубените"

Ако планирате да импресионирате и да заведете некого со романтична вечера, вие сте на вистинското место. Предлогот е вечерта да се започне со коктел, потоа преминете на оригиналниот предјадење а потоа вкусно главно јадење. Сè завршете со неизбежните слатки, а ако работите се развиваат во очекуваниот правец, тука е рецептот за “љубовен” доручек.

Розов коктел со шампањ и малини

Идеален начин да започнете романтична вечер, е со конзумирање на овој коктел. Бојата е одлична, убаво изгледа и е крајно освежителен. А грицкањето зрна од малина во текот на неговото пиење ќе биде исклучително забавно.

Loading...

Состојки

  • 1 шише шампањ
  • ½ литар лимонада
  • ½ чаша сок од малини
  • ¼ чаша ликер од портокал
  • Семе од малини и гранчиња од темјан за украс

Измешајте ги сите состојки во голема чинија или стаклена чинија. Истурете во чаша, претходно наполнета со лед, семе од малини и гранчиња од темјан.

Предјадење со смокви и горгонзола

На прв поглед едноставно парче леб кое вие ќе го направите посебно со само неколку луксузни состојки кои ќе ви го отворат апетитот. Со минимален напор ќе постигнете “wow!” Ефект, кој секогаш е пожелен.

Состојки

  • 1 парче квалитетен р’жен леб по лице
  • 20 гр. горгонзола
  • 1 зрела смоква
  • ½ лажичка мед
  • Лист темјан
  • сол
  • бибер

Загрејте го лебот, па премачкајте го со малку мед и посипете ги со листовите темјан. Исецкајте ја смоквата на кришки. Испрскајте сол, бибер, темјан и остатокот од медот. Печете додека горгонзолата не се стопи, а смоквата не се загрее.

Месо и црвено вино како главно јадење

Од една страна месото потсетува на старата добра домашна кујна полна со љубов, а од друга страна на префинето јадење од врвен готвач. Долго се готви но припремата е кратка, затоа додека лесно крчка, вие можете да приготвите нешто од останатите јадења кои сакате да ги послужите.

Состојки

  • 350 гр говедско месо
  • 350 гр тестенини
  • 1 конзерва домат
  • 1 конзерва исецкан домат
  • ½ чаша црвено вино
  • 4 чешлиња лук
  • 1 голема глава кромид
  • 2 помали моркови
  • 2 гранки свеж рузмарин
  • ½ свеж магдонос
  • ¼ чаша изрендан пармезан
  • Сол
  • Бибер

Бонус совет

Месото можете да го замените со риба, по можност лосос, користејќи вегетаријанска варијанта, користете печурки или модар патлиџан. Водете сметка за времето на готвењето, бидејќи во овие два случаи значително се разликува.

Во поголем сад кратко испржете исецкан лук, кромид и морков. Додадете ги доматските конзерви, виното и гранчињата рузмарин. Гответе неколку минути, ставете го месото, зачинете со сол и бибер, потоа покријте и варете (со трпеливост) околу 4 часа. Некои 20 минути пред месото да биде готово, згответе ги тестенините според упатството на пакувањето. Кога месото ќе биде готово, со помош на две вилушки раздвојте го местото на помали парчиња, вметнете го магдоносот и сето тоа добро измешајте го. Послужете го месото заедно со тестенините, а од горе додадете пармезан.

Десерт во форма на љубовни чоколадни бомбици

Денот на вљубените не би бил ист без дополнителни слатки, а посебно со магична чоколада. Овие вкусни бомбици лесно се прават и брзо завеуваат.

Состојки

  • 100 гр ситно исецкано црно чоколадо
  • 100 гр ситно исецкано млечно чоколадо
  • ¾ чаша слатка павлака
  • ¼ инстант кафе
  • 30 гр путер
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • ¼ лажица сол

За декорација

Ситно исецкани ф’стаци, кикирики, лисја од печен кокос, шеќер во прав и какао

Во мал сад загрејте ја павлаката, а потоа во неа додадете инстант кафе и два типа на чоколадо, па мешајте додека се убаво не се стопи и соедини. Додадете путер, ванилен екстракт и сол, па уште еднас добро промешајте. Ставете го во друг сад и ставете го во фрижидер за да се излади најмалку 2 часа. Со лажичка вадете од смесата, а потоа со дланките направете бомбица. Потоа бомбицата вратете ја во фрижидер на 10 минути, а потоа неколку ставете во кокос, неколку во какао, неколку во ф’стаци …

Појадок со љубов

Ако работите одат по планот, ќе се разбудите до најблискиот, па подгответе се за овој брз и пријатен појадок.

Состојки

  • 2 парчиња бел леб за тост
  • 2 големи јајца
  • 15 гр путер
  • 1 лажичка вегета
  • ½ лажичка зачин по желба
  • Сол
  • Бибер

Средината на лебот отстранете ја со помош на модел во облик на срце. Доколку ја немате, исечете сами со нож, потрудете се да бидете попрецизни. Потопете го путерот во тефлонска тава, потоа запржете ја едната страна од тостот. Кога ќе го свртите на другата страна, внимателно вметнете го јајцето, посолете го и зачинете го, а потоа пржете додека жолчката нежно не затегне.