Знаци кои го откриваат заинтересираниот маж

Говорот на телото е многу силно оружје кое знаење на вистински податоци може добро да се искористи. За разлика од жената кај која е малку покомплицирано, мажите имаат неколку постојани реакции и движења кои моментално откриваат дали му се допаѓате или не. Сакате ли секогаш да бидете еден чекор понапред?

Подигнување на веѓите

Мала работа која трае една до две секунди, а многу кажува за неговите намери. Движењето на веѓите е несвесна реакција на изненадување, односно позитивен впечаток што жената го остава кај мажот.

Отворена уста

Ако се сретнете со некој маж кој ви се допаѓа, посветете свимание на неговата уста. Ако е благо отворена или е благо насмеан знајте дека сте во игра и дека нема да ви одолее.

“Скенирање” со погледот

Ако забележите дека ме гледа од глава до пети не мислете дека сте го прочитале први бидејќи неговата игра започнала во првиот момент кога ве видел. Тој сака вие да забележите дека ве следи, што значи дека на тој начин го направил првиот чекор.

Ставот

Кога е во прашање заведувањето, првиот впечаток е многу важен, па поради таа причина тој максимално ќе се обидува да изгледа што подобро и да остави добар впечаток. Мажот на кој му се допаѓате ќе ви пријде во исправен став со кој се истакнува неговата физичка сила и цврстиот карактер.

Допир

Допирот може да биде многу убав гест, но може да предизвика и непријатност. Вистинска доза на нежност која вклучува и нежен допир по грбот или лактот додека ви остава простор да поминете, не е случајна туку е испланирана и покажува дека сериозно е заинтересиран.

Loading...