5 правила за совршено селфи пред огледало

Селфито е тренд кој што го практикува скоро секој кој што има профил на социјалните мрежи.

Меѓутоа за да имате убаво селфи, постојат некои правила. Селфито се повеќе зема замав и станува моден тренд, па затоа не треба само да застанете пред огледало и да сликнете. За совршено селфи пред огледало, важно е да се знаат неколку трикови кои што професионалците на Инстаграм ги практикуваат.

loading...

1. Пазете на аголот од кој што сликате.

Пред да го објавите селфито направете неколку пробни фотографии. Така ќе дознаете под кој агол Вашето лице изгледа најубаво.

2. Немора да го покажете целиот аутфит

Кога правите селфи Вие немора да го истакнете целиот аутфит. Доволно е да го сликате лицето и некои детали кои што сакате да ги потенцирате.

3. Пронајдете совршено огледало

Сигурно досега сте налетале на некои огледала кои ве прошируваат (здебелуваат), искривуваат или едноставно Ве прикажуваат во лошо светло. Избегнувајте ги овие огледала доколку сакате совршено селфи.

#blackdress #weekendvibes #instaphoto #mirrorselfie #selfilover 💁✌️📸✨

A post shared by Danka Karan (@dankaaa_27) on

4. Исчистете го огледалото

Доколку сакате да се претставите во најдобро светло, тогаш исчистете го огледалото пред да се сликате селфи. Нечистотијата на огледалото остава лош впечаток кај следбениците.

5. Бидете креативни

Селфи пред огледало немора да значи дека тоа селфи мора да го направите исклучиво дома пред огледало. Можете да искористите разни огледала кои што ги срежавате во текот на денот. Во лифт, во бутик итн.

 

loading...