Ешли Грахам провокативно за Спортс Илустрејтед (Фото+Видео)

Ешли Грахам е првиот плус сајз модел кој се најде на насловната страница на Спортс Илустрејтед, а успешната соработка ја продолжи и за оваа година. Ешли во последно време објавуваше провокативни фотографии на својот Инстаграм профил, па оваа фотосесија е и тоа како “жешка”.

„Знам дека моите облини се секси и сакам сите да знаат дека и нивните се исто толку неодоливи,“ изјави Ешли.

Ешли, полна со самодоверба, опуштено позираше покрај плажа на тропска локација, која тимот на Спортс Илустрејтед сметаше дека е совршената. Грахам гради успешна кариера како плус сајз модел, а од особено значење е соработката со овој магазин, кој претхдно ангажирал исклучиво слаби девојки.

Магзинот подготви и видео каде можете да погледете како помина снимањето со Ешли.

 

Loading...