Шеќерот создава брчки!

Photo by Malvestida Magazine on Unsplash

Доколку сакате да го спречите процесот на стареење, веднаш исфрлете го шеќерот од исхраната, бидејќи тој го забрзува пропаѓањето на еластин и колаген кој што се клучни протеини за здрава кожа.

Шеќерот го забрзува намалувањето на еластинот и колагенот, а го забрзува процесот за создавање на брчки на лицето. Па одтаму може да се заклучи дека доколку сакате да не стареете исфрлете го шеќерот од исхраната.

Photo by ian dooley on Unsplash

– После 10 дена откако ќе престанете да конзумирате шеќер, ќе можете да ја воочите разликата т.е позитивните промени на кожата, а после 1 година се менува целиот изглед на телото. Тоа е затоа што при конзумирање на шеќер во организмот се создаваат молекули кои штетно влијаат на кожата. Да ги неутрализираме потребно е да конзумираме зелен чај кој што е богат со антиоксиданси. – изјавил докторот дерматолог Фредерик Брант.

Photo by Alexandru Zdrobău on Unsplash

Промената во јадењето треба да ја започнете со тоа што ќе престанете да јадете слатки и да пиете газирани сокови. Потоа можете да го исфрлите медот, фруктозата и засладувачите. Треба исто така да пазите и на скриените шеќери кои што ги има во алкохолот. За време на чистење на организмот треба да избегнувате пченични производи, бидејќи додека се преработуваат во организмот ослободуваат шеќери. Од исхраната треба да исфрлите и квасец, зеленчук богат со скроб како што е компирот, но затоа без ограничување треба да јадете зелени јаболки, боровинки, брокули, кафеав ориз, месо и риба.