Трик од 2 секунди Ви открива дали штиклите се удобни или не (Видео)

Photo: Pixabay.com

Купувањето на нови штикли секогаш преставува ризик. Никогаш не знаете дали тие штикли ќе бидат удобни или не. не знаете дали ќе одите како по облаци или ќе го проколнувате денот кога сте ги носеле.

Модните експерти решиле да споделат една тајна која што за само 2 секунди Вие ќе дознаете дали штиклите ќе ви бидат удобни или не.

Photo: Pixabay.com

Трикот од две секунди се состои во тоа што треба да го измерите растојанието од ѓонот до врвот на штиклата. Колку е поголем овој размер толку штиклата е поудобна. Најмало растојание треба да биде 3цм за да знаете дека штиклата е удобна. ДОколку растојанието е помало од 3 цм тоа значи дека наклонот е поголем и вашата тежина е префрлена на прсти, а тоа е болно.

Значи, кога купувате нови чевли во продавница, прашајте го продавачот (или носете метро) со Вас. Запомнете и дека многу е важно да го купите соодветниот број. Штиклите не треба да бидат ни поголеми ниту пак помали. Пробајте додека ги купувате штиклите што повеќе да ги носите во продавницата.

Добро е да се знае дека 3-те санитиметри ги смалуваат болките во нозете од 50-60%.