Хотел на Крим прогласен за најдобар хотел во светот: Луксуз и поглед кои одземат здив (видео)

Photo: mriyaresort.com

Мрија Ресорт и спа на Крим е прогласен за најдобриот туристички хотел и одмаралиште според World Travel Awards.

Хотелот ја освои оваа награда како водечки ресорт во светот. Руската компанија “Aeroflot” е прогласена за најдобар бренд, а Санкт Петербург за најдобра туристичка дестинација.

Слика: Facebook

Мрија Ресорт и Спа за првпат ја освојува оваа награда. Во негова конкуренција биле хотели од Дубаи, Домениканската Република, Италија и Египет.

Тој е отворен во 2014 година. Одмаралиштето е оддалечено 30 километри од Јалта и нуди 422 соби и вили на повеќе од 270.000 метри квадратни.

#срочнаяновостьДрузья! Отель Mriya Resort&Spa получил свою первую мировую номинацию – World Luxury Family Resort! А это…

Posted by Mriya Resort & Spa Yalta on Sunday, December 3, 2017

Минатата година овој хотел го посетиле 100.000 гости и имал пополнетост од 80% од своите капацитети. Една ноќ во овој хотел чини 230 долари.

Погледнете го видеото.