Што најчесто сонуваме?

Photo by Zohre Nemati on Unsplash

Една студија која што била спроведена на над 5000 луѓе покажала дека најчесто се сонуваат сонови кои што се дел од нашето секојдневие. Оваа студија покажала дека младите луѓе најчесто сонуваат превара, а стручните лица го поврзале тоа со страв.

Доколку и вас ве разбудил кошмар во кој што Вашиот партнер ви бил неверен и извршил прељуба и тоа најчесто со најдобриот другар или другарка, тоа значи дека сте имале еден од најчестите сонови, но сепак не се вознемирувајте. Тоа сепак не значи дека такво нешто може да се случи и кога сте будни.

Photo by Alexandra Gorn on Unsplash

Истражувањето кое што било спроведено во Велика Британија покажало дека ваквиот кошмар се појавува кај секоја втора личност, а кај секоја 4-та и по неколку пати се јавува истиот кошмар. Стручните лица го поврзале овој сон со страв од заминување т.е со страв од раскинување, па затоа стручните лица советуваат доколку често го сонувате овој сон немој да се грижите дека тоа може да се случи, а доколку неможете да престанете да мислите на тоа посетете психијатар.

Loading...