Што лекува медот: 11 рецепти од кошницата!

Независно дали станува збор за античка Кина, Египет или Грција – медот е еден од лековитите средства со најдолга медицинска традиција. Овој скапоцен природен производ може да се користи на многу различни начини и за рзлични видови на тешкотии, а ние ќе ги наведеме само најважните.

Астма: Гел од мед

Ситно исечете 1 кромид и две главички лук, потоа додајте една лажичка темјан (мајчина душичка) и четири лажички исландски лишај ( мов). Ставете ја да се вари во 400ml вода, а кога ќе зоврие тргнете ја содржината на страна за да се олади. Откако ќе се олади тогаш додадете 200g мед. Повеќе пати дневно земајте по  една полна лажица – има смирувачки ефект.

Кашлање: Чист мед

Земете 1-2 лажици мед и допуштет пополека медот да ви лизга по грлото. Најефикасен е медот од мајчина душичка, медот од липа, медот од бор, планинско ливадски , и шускиот мед.

Млеко со мед и анасон – Потребно е 1/4l млеко, три лажички семенки од анасон и две лажици мед. Кратко вријте го млекото со анасонот, а кога ќе се олади до 40 степени, додајте го медот. Пијте го млекото повеќе пати во денот, доколку сте во можност навечер, бидејќи има смирувачко дејство.

Кивавица: Инхалација со мед

Додадете 100грма мед во еден литар врела вода. Најпогоден мед за инхалација е медот од жалфија, мајчина душичка и ела. Внимание: пет минути вдишувајте ја пареата низ нос и издишиувајте ја низ уста, а потоа уште пет минути во обратен редослед.

Реума: Облоги од мед

Нанесете поголема количина на мед на болното место, покријте го со памучна ткаенина и прицврстете ја. Делува противвоспалително.

Воспаление на грлото: Мед со анасон

Потребни состојки:  1 дебела кришка од свеж ананнас, 1лажичка мед и вода. Варете го ананасот десет минути во малку вода, остајте го да се олади, а потоа додадете го медот. Со вака добиената течност промивајте го грлото околу две минути, а потоа проголтајте ја течноста. Ова правете го повеќе пати дневно впериод од една недела. Го намалува воспалението.

Акни: Емулзија од мед

Состојки: 100ml млеко, 100g шумски мед, сок од лимун. Малку загреаното млеко преточете  го во чиста тегла, додадите  мед и свежо исцеден лимунов сок. Добро затворете го и исклацкајте го. Емулзијата навечер нанесете ја на кожата, а наутро отстранете ја со вода.

Главоболка: Мед од лаванда, липа, со чај од мајчина душичка или маточина

Редовно земајте по една лажичка од овие видови на мед или пак додајте го соодветниот чај. Можете да ги користите чаевите од кантарион или валерија. Внимание: медеот секогаш ставајте го во оладен чај!

Слаб имунитет: Чај за зајакнување на имунитетот

Помешајте 1 лажичка камилица, 1лажичка ајдучка трева, прелијте ги со еден литар зовриена вода и оставете ги да одстојат десетина минути, па процедете ги. Кога ќе се олади, додајте пола лажичка мед, и пред секој оброк пијте по една чаша од овој чај. Во првите шест недели постепено зголемувајте ја количината на мед до максимум од 3 лажици, а потоа постепено намалувајте ја количината( вкупото траење на терапијата е шест месеци)