Со масажа на дланките до помалку стрес

Секогаш кога сте напнати, нервозни, применете некоја од овие едноставни вежби за опуштање. Кога ги триете дланките, ги поттикнувате точките кои даваат енергија на телото.

Покрај тоа што помага при болки, акупресурата помага и при воспоставување на рамнотежа помеѓу душата и телото. Таа ги отргнува напнатоста и стесот, кои го слабеат имунитетот и оневозможуваат нормално да функционира телото. Др Мајкл Рид Гац, директор на Институтот за акупресура во Беркли во Калифорнија,kажува дека со акупресурата може да се постигне внатрешна рамнотежа и да се зголеми отпорноста на организмот од болести.

loading...

“Уморот и сресот предизвикуваат лачење на лактичката киселина, која е главниот виновник за тоа што имаме чуство на напнатост и грч во мислите”, објаснува Др Рид и додава:

“Кога се врши притисок на одредена точка со акупресура, напнатоста во мускулите попушта, влакната се издолжуваат и се опуштаат, се подобрува циркулацијата, отровите побрзо се исфрлаат од организмот. Кога ке ги потриеме дланките, тие се загреваат и настанува поле на магнетен напон кој ги поттикнува точките кои даваат енергија на телото. Затоа, кога сте нервозни или напнати, применете некоја од следниве вежби за опуштање. Можете да ги изведете било каде, додека патувате, додека работите или додека гледате ТВ”

Загрејте ги дланките

Допрете ги дланките една до друга, така што прстите да ви се вкрстат. Тријте го коренот помеѓу прстите, прво со едната, па со другата рака. Вежбите повторете ги 20 пати за секоја рака.

Отстранете ги блокадите

Дланките намачкајте ги со крем за раце, со палецот на едната рака масирајте ја другата дланка. Болните места притискајте ги подолго. Оваа вежба посебно е добра за личности кои патат од вкочанети зглобови на прстите и кои поминуваат доста време пред компјутер.

Трик за лимфата

Со памецот и кажипрстот на едната рака притискајте ја силно по три пати кожичката помеѓу прстите на другата рака. Повторете ја вежбата и со другата рака.

Зајакнете го срцето и белите дробови

Рацете намачкајте ги со крем и масирајте ги дланките од надворешната страна со кружни движења со палецот. Оваа вежба е добра за зајакнување на срцето и функциите на белите дробови, затоа треба често да ја практикувате.

Опуштете ги тетивите

Испружете ја десната дланка, и силно масирајте со тупаницата од другата рака, со кружни движења. Масирајте ги по 2 минути двете дланки.

 

loading...